На Реал и Халанд не им се брза, ќе ја чекаат 2022 година

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Борусија Дортмунд сака да го задржи одличниот напаѓач Ерлинг Халанд барем до 2022 година, а таа идеја на германскиот тим му одговара на Реал Мадрид, пишува „Ас“ бидејќи ниту „кралевите“ не инсистираат на трансфер оваа година.

Според весникот, времето работи за Реал Мадрид, Борусија сака што подолго да го задржи Халанд и е подготвена да ги одбие сите понуди кои оваа година ќе пристигнат на нејзина адреса бидејќи не постои клаузула во договорот.

Клаузулата ќе се активира токму во 2022 година и ќе изнесува 75 милиони евра, што е мала сума за фудбалер како Халанд, но иако сите големи екипи можат да си ја дозволат таа сума, ќе пресуди желбата на Халанд – а таа е да игра за Реал Мадрид.

– Доколку Ерлинг одлучи да не напушти и замине во поголем клуб… Многумина не се подготвени за такво нешто. Доколку изберете клуб како Реал Мадрид мора да бидете играч од светска класа – изјави Ханс Јоаким Вацке, директорот на Борусија Дортмунд за „Кикер“.

Идејата на Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез е Халанд да биде наследник на Карим Бензема на кого договорот му истекува токму во 2022 година. Дотогаш Перез планира да ги подобри односите со агентот на Халанд, контроверзниот Мино Рајола и тоа со една цел, трансферот полесно да се реализира.

Вредноста на Халанд во последните два месеци се зголеми за 35 милиони евра и тој сега е „вреден“ 155.6 милиони евра.
Ерлинг Халанд во јануари минатата година за само 20 милиони евра потпиша за Борусија Дортмунд од Салцбург, но германскиот тим се согласи да им исплати провизија од 20 милиони евра на агентот на Халанд, Рајола како и на таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот