На разговор повикани лицата инволвирани во случајот во ОУ „Панајот Гиновски“, соопшти МВР

Наставник тепа ученик во ОУ Панајот Гиновски во Бутел
Наставник тепа ученик во ОУ Панајот Гиновски во Бутел/ Фото: Скриншот, ТикТок

Министерството за внатрешни работи постапува по случај со насилство врз ученик објавено преку видео на социјалните мрежи.

Директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток”, велат од МВР за МИА.

Од таму додаваат дека МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. За истиот случај е известен и Јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот