На ПСЖ му здосадија игрите на Мауро и Ванда, си најде нов екстра напаѓач во Англија

twitter/Arsenal

Францускиот шампион започна преговори со Арсенал за трансфер на Пјер Емерик Обамејанг.

Фудбалската вест на денот доаѓа од Англија каде Арсенал започна преговори со ПСЖ за продажба на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Имено, Обамејанг ги извести „топчиите“ дека нема намера да потпише нов договор и побара од управата да биде ставен на трансфер листата бидејќи сака во наредната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Од друга страна, на директорот на ПСЖ, Леонардо, му здосадија игрите на Маури Икарди и на неговата сопруга и агент, Ванда Нара, и планира по секоја цена да го реализира трансферот на Обамејанг.

Леонардо е подготвен на Арсенал да му понуди 40 милиони евра плус дополнителни бонуси од 10 милиони евра. Оваа сума е прифатлива за Арсенал, додека одличниот напаѓач ќе може да смета на годишна плата од 12 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер, најголем губитник ќе биде Интер бидејќи ќе остане без планираните 70 милиони евра обесштетување од продажбата на Икарди, а исто така и без Обамејанг кого планираше да го купи со парите од трансферот на Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот