На првиот ден од Новата година сончево со студено утро

Облаци / Фото: Архива

 Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени целзиусови.

Утре ќе преовладува стабилно и суво време, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд. На планините на северозапад ќе има врнежи од снег. Во недела, понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот