На први декември, Скопје ќе блесне во новогодишен сјај
Фирмата „Линк Медиа“, која го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје, која ја доби отворената јавна набавка за изработка и реализација на проект за декорирање и украсување по повод Нова година, веќе започна да ги поставува новогодишните светилки и украси.
Градоначалникот Петре Шилегов денеска објави дека Скопје ќе светне на први декември.
– Украсувањето е веќе започнато, со цел Скопје да светне на први декември, а граѓаните да можат подолг период да уживаат во новогодишното расположение. Во рамки на украсувањето на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена и Новогодишна елка, а ќе се организира зимска населбата Винтерленд, каде, слично како лани, ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и сцена на која ќе се организираат настапи.