На протестите во Барселона повредени 80 и уапсени 33 лица

Фото: Принтскрин

Шпанските власти соопштија дека 80 лица, меѓу кои и 46 полицајци, се повредени за време на синоќешните протести против затворските казни за поранешните лидери на сепаратистите во Каталонија.

Уапсени биле 33 лица, а четворица демонстранти се обвинети за нереди на јавно место.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска свика состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи и други локални власти за да се процени безбедносната состојба Каталонија.

Вчера, на третиот ден од протестите во Барселона против пресудите за лидерите на каталонските сепаристи, повторно дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите палеле контејнери и автомобили во близина на одделот за внатрешни работи на регионалната Влада во главниот град на Каталонија, а полицијата со пенест гас се обидела да ги растера.

Демонстранти од повеќе градови во Каталонија вчера почнаа протестен марш со цел до утре да стигнат до Барселона.

Протестите почнаа во понеделникот, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Џункуерас е осуден на 13 години затвор поради бунт и злоупотреба на јавните фондови за одржување референдум за независност на Каталонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот