На продажба слика од Пикасо која во јавноста не е видена 40 години! Уметничкото дело на аукција се проценува на неколку милиони!

Фото: Профимедиа

Уметничкото дело „Femme au Beret Mauve“ од познатиот шпански уметник Пабло Пикасо, како што објавија странските медиуми, оди на аукција. Станува збор за слика што јавноста не можеше да ја види скоро 40 години.

Уметничкото дело на Пикасо е изложено во аукциската куќа „Bonhams“ во Лондон.

Фото: Профимедиа

Според светските медиуми, аукцијата ќе се одржи на 13 мај во аукциската куќа „Bonhams Impressionist and Modern Art“ во Њујорк, а се претпоставува дека сликата ќе биде продадена за сума од 10 до 15 милиони американски долари.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот