На продажба 17 фудбалери на Реал, во „жолтата зона“ Модриќ, Јовиќ, Иско..!

Фото: twitter/RMOnly

Шпанската „Марка“ објави како би требало да изгледа летниот преоден рок во Мадрид пред стартот на новата натпреварувачка сезона 2020/21.

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ дојде во Реал за 60 милиони евра, но истите не ги оправда во минатата сезона во која реализираше само два голови.

„Кралевите“ затоа ја разгледуваат опцијата да вратат дел од вложеното и го продаде Јовиќ веќе во овој преоден рок. Како алтернативи се шпекулираат Милан, Јувентус, Њукасл, Лестер и Херта.

На оваа трансфер листа се очекува осум фудбалери сигурно да го напуштат клубот, а тука се уште девет играчи кои се во т.н. „жолта зона“ и можно е да бидат продадени, тука се Лука Јовиќ, Лука Модриќ, Лукас Васкез, Начо…

Како главни приоритети за заминување од „Сантјаго Бернабеу“ се Герет Бејл и Хамес Родригез, кои се „отпишани“ кај Зинедин Зидан, а имаат огромни плати и претставуваат само губиток за клубот.

Покрај нив, во „црвената зона“ се и Мариано, Борха Мајорал, Оскар, Рениер, Регилон и Ваљехо.

Од напаѓачите само Бензема, Родриго, Асенсио, Винисиус и Азар се сигурни, односно тие не се на продажба.

Кога е во прашање средниот ред, на продажна не се Каземиро, Валверде, Крос и Одегард, додека во одбраната сигурни се Варан, Милитао, Рамос, Менди, Марсело и Карвахал, а од голманите Куртоа и Лунин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот