На продавачката која НОКАУТИРАШЕ полицајка во Белград и се заканува затворска казна од 8 години, но може да биде и ослободена

Фото: Принтскрин

За потсетување, Садија Д. (37), се најде во центарот на вниманието откако по кратка расправа и одземање на куферот во кој имала роба која ја продавала надвор од тезгата, ја нокаутираше комуналната полицајка, која заврши во болница, а продавачка е уапсена.

Комуналната полицајка, Алиса М, која по кратка расправа беше нокаутирана среде пазар во Белград од страна на продавачка „на црно“, била испитана во Второто основно обвинителство во Белград по повод несекојдневниот инцидент, дознава Блиц.

Во наредните денови Второто обвинителство се очекува да донесе одлука за тоа дали ќе ја санкционира Садија. Според информациите на Блиц, таа е обвинета за „напад на службено лице при вршење на службена должност“.

За ова дело, со измените во Кривичниот законик, предвидена е казна од две до 12 години затвор, меѓутоа во однос на тоа дека на полицајката и биле утврдени полесни телесни повреди, и се заканува затворска казна од две до осум години.

Меѓутоа, во членот 323 од Кривичниот законик стои ставка дека „сторителот на ова дело кој бил предизвикан од незаконско или грубо постапување на службеното лице може да се ослободи од казна“.

За потсетување, Садија Д. (37), се најде во центарот на вниманието откако по кратка расправа и одземање на куферот во кој имала роба која ја продавала надвор од тезгата, ја нокаутираше комуналната полицајка, која заврши во болница, а продавачка е уапсена.

Два дена по приведувањето, таа се изјаснила дека „не е виновна и дека комуналната полицајка прва ја нападнала“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот