На привремен одмор поради епидемијата над 200 затвореници во Словенија

Фото: МИА

Врз основа на неодамна донесениот закон со кој се дозволува привремено или предвремено ослободување за време на епидемијата на Ковид-19, затворските казни се суспендирани за 68 осудени лица, а 15 предвремено се ослободени и повеќе нема да се вратат во затвор.

Повеќе од 200 осудени лица во Словенија се ослободени од затвор, за да се спречи опасноста од ширење на коронавирусот во веќе и онака преполните затвори.

Словенечката министерката за правда Љиљана Козловиќ изјави дека кај сите кои се пуштени прво бил извршен безбедносен преглед, а станува збор за затвореници за кои не постои опасност да го повторат делото за кое биле осудени и за кои не постои опасност да избегаат.

Врз основа на неодамна донесениот закон со кој се дозволува привремено или предвремено ослободување за време на епидемијата на Ковид-19, затворските казни се суспендирани за 68 осудени лица, а 15 предвремено се ослободени и повеќе нема да се вратат во затвор.

Поради ризикот од коронавирусот, затворската администрација извести 130 затвореници кои со претходна дозвола од затворската администрација пред две недели привремено беа во посета на своите семејства, дека не треба да се вратат да ја издржат казната додека не се смири епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот