На пристаниште во Атина: Во контејнер од Гватемала со вреќи за кафе откриени над 350 килограми кокаин

Кокаин / Фото: МИА

Во контејнер со легална пратка со вреќи со кафе од Гватемала, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени и запленети 351 килограм и 725 грама кокаин, спакувани во 298 пакувања, јави дописничкаа на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, во периодот од 12 до 19 јули била спроведена истрага на над 150 контејнери со потекло од Јужна Америка, а во еден од нив бил пронајден и кокаинот.

Целта на акцијата била да се провери дали можеби во легалните пратки има скриени количини кокаин, а со тоа и да се спречи трговија на дрога на европскот пазар.

Во акцијата биле вклучени Директоратот за борба со дрога на грчката полиција, Секторот за борба со нелегална трговија на царината на пристаништеото Пиреас, Секторите за борба со дрога на крајбрежната служба и на Одделот за борба со економски криминал, а со помош асистирала и канцеларијата на ДЕА на американската амбасада во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот