На предлог на Кризниот штаб: Од утре „полициски час“ во Федерацијата БиХ од 21 часот навечер до пет часот наутро

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

На предлог на Кризниот штаб, Владата на Федерација Босна и Херцеговина издаде наредба со која од утре се ограничува движењето на цела територија на ФБиХ од 21 часот навечер до пет часот наутро поради влошената состојба со ковид-19 во земјата.

Во следниот период се намалува и дозволениот број на луѓе на отворено и во затврен простор на 20. Ограничувањето ќе важи и за угостителските објекти, освен во Кантонот Сараево, каде е забранета работата на рестораните и кафулињата.

Додека театрите и кината ќе можат да работат, а публиката се ограничува на 70 луѓе, со почитување на епидемиолошките мерки.

Новите мерки ќе бидат во сила следните 14 дена, а нивното укинување ќе зависи од епидемиолошката состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот