На прагот на 40-те исфрлете го ова од вашиот несесер!

Откако ќе наполните 30 години, променете го начинот на чистење и шминкање на лицето

Кога ќе ги поминете 30-тите и ќе влезете во 40-тите, кожата на вашето тело произведува помала количина липиди. Тоа доведува до појава на сува и груба кожа. Не е тајна дека сувото лице бара посилна хидратација, се појавуваат ситни брчки и линии кои бараат поинаков пакет на шминки. Светските дерматолози, како и професионалните шминкери, препорачуваат поединечни козметички производи да се исфрлат од употреба во тој период.

Средства за чистење кои прават многу пена

Миењето на лицето со производи кои содржат доста пена ги отстранува есенцијалните хранливи состојки на кожата, што придонесува за настанување на сува кожа, а со текот на времето доведува и до смалување на еластичноста. Овие производи се богати со кофактори, молекули кои ги отстрануваат нечистотиите на лицето, но истовремено ги отстрануваат маслата и мастите од кожата, кои се одговорни за нејзиниот мазен изглед. Заменете ги пенливите средства со млеко, балсам и некои други кремасти производи за чистење.

Груб пилинг

Кожата која старее многу е чувствителна, што значи дека не може да поднесе груб и остар пилинг. Обновувањето на клетките на кожата во 20-тите се случува на секои 28 дена. Меѓутоа, во доцните 30-ти и 40-ти, за ова е потребно повеќе од 40 дена. За кожата да изгледа посвежа, бирајте маски, средства за миење на лицето или серуми кои содржат нежни хемиски ексфолијанти, како што се овошни ензими.

Тоник за лице на база на алкохол

Многу тоници за лице се на база на алкохол и се користат за масна кожа, која е подложна на појава на акни. Притоа тие, кожата ја лишуваат од природни масти и масла, а после тоа нормалната кожа станува сува. Како што стареете, кожата полесно ја губи хидратацијата. Поради тоа би требало после миење и чистење на кожата да користите гел за нега на лице, кој содржи хијалуронска киселина. Користете тоници кои не содржат алкохол, кожата ќе ви биде благодарна и чиста.

Тешки коректори

Кожата околу очите станува сè поделикатна и потенка, ако коректорот за прикривање на подочници е „претежок“, тогаш ќе има контраефект. Кремастите или течни коректори се одлична варијанта, бидејќи кожата после нивното нанесување нема да изгледа суво.

Светликаво руменило

Руменилата кои светкаат можат да се сместат во ситните брчки, што секако не сакате. Наместо да ги скриете, вие ќе ги истакнете. Многу е подобро да користите половина-мат руменило, најдобро е да го нанесете на највисоката точка на јагодиците, што ќе создаде младешки изглед бидејќи ќе го подигне лицето.

Мат пудра во прав

Овој производ има тенденција да се задржува во сите пори, нерамнини и ситните брчки на кожата. Пудрата за силна прикриеност и мат ефектот може да изгледа премногу зрнесто на кожата која е во доцните 30-ти и на почетокот на 40-тите. Алтернатива е провидна пудра која спречува задржување на местата кои сакате да ги покриете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот