На повидок средба Путин-Зеленски: Рускиот лидер подготвен да разговара со новиот украински претседател

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е отворен за разговори со новоизбраниот украински колега Володимир Зеленски.

На прашањето зошто не му честитал на Зеленски на инаугурацијата, Путин рече дека Зеленски во неколку изјави ја нарекол Русија агресор.

Односите на двете соседни земји се тензични уште од спојувањето на Крим со Русија во 2014 година.

Путин рече дека Зеленски е талентиран актер и додаде дека постои разлика помеѓу „да се игра и да се биде“.

Новиот украински претседател се прослави во телевизиска серија акде глумеше човек, кој по игра на судбината станува претседател на Украина.

Рускиот лидер потоа ја ублажи својата изјава, истакнувајќи дека Зеленски има особини на водач и дека е подготвен да разговара со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот