На повидок скандал на Мундијалот: Словенците биле отруени пред натпреварот со домаќинот Египет?

epa08962995 Slovenia's Nik Henigman (C) and teammates react after the Main Round match between Slovenia and Egypt at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 24 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Селекцијата на Словенија не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Египет откако во последното коло од главната фаза одигра само 25:25 против домаќинот.

Ремито ги однесе „фараоните“ во четвртфиналето, бидејќи на Словенија и беше потребна само победа.

Но, словенечките ракометари тврдат дека имало матни игри од страна на организаторот на Мундијалот бидејќи дури осум ракометари ги зафатила вироза. Тие исто така се жалеа и на критериумот на судењето на овој натпревар.

– Би кажал многу работи, но знам дека не можам, па затоа само ќе се гризнам за јазик. Дадовме се од себе, но не уништија нашите и туѓите глупости. Половина екипа ни беше во тоалет на денот на натпреварот, а и пред натпреварот. Тројца не можеа да играат, а цело време некој повраќаше – изјави капитенот на Словенија, Јуре Доленец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот