Tаткото на Дуа Липа преговарал со Катарците

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Британски „Дејли мејл“, пред неколку дена пренесе дека таткото на славната пејачка Дуа Липа, Дукаѓин Липа, две години го договарал настапот на својата ќерка на отворањето на Светското првенство во фудбал во Катар, а според последните информации, таа немала поим за тоа.

По повод написот за наводното договорање на настапот на популарната пејачка Дуа Липа, нејзиниот татко Дукаѓин Липа даде изјава:

„Во 2020 година имав неколку размени на е-пошта со маркетинг тимот на Светскотот првенство во Катар во мое лично својство како организатор на фестивалот.

Дуа не била вклучена или свесна за тие размени или какви било други разговори. Кога се претставив, им ја дадов мојата целосна позадина која вклучуваше моето претставување на Дуа. Но, јас појаснив дека не зборувам со нив имајќи ја неа на ум и тоа многу јасно го кажав кога ме прашаа дали моите прашања се однесуваат на Дуа.

Ова беше на почетокот на 2021 година, во време кога Катар даде неколку ветувања (од освојувањето на договорот за Светското првенство) да ги реформира законите за работни односи и да направи амандмани на нивното досие за човекови права. Како што течеше разговорот и Светското првенство се приближуваше, стана многу јасно дека овие ветувања нема да се испочитуваат, па затоа престанав да разговарам со нив. Оттогаш ми пристапија неколку луѓе поврзани со Светското првенство во Катар, на кои јасно им кажав дека Дуа НЕМА да биде инволвирана со нив.

Иако уште минатиот месец Дуа Липа потврди дека, и покрај шпекулациите, нема да се случи нејзиниот настап на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Катар, „Дејли мејл“ дошол до мејловите што нејзиниот татко и менаџерот Дукаѓин Липа две години ги разменувал со Катарците.

Документите откриваат како Дукаѓин Липа прв ги контактирал организаторите на Светското првенство во Катар уште во 2020 година, но, како што тврдел завчера, неговата ќерка не знаела дека тој е во преговори со нив.

Неговите преписки стасаа во јавноста откако неговата ќерка неодамна на Инстаграм тврдеше дека нејзиниот настап во Катар никогаш не бил во план.

„Во моментов се шпекулира дека ќе настапам на свеченото отворање на Светското првенство во Катар. Нема да настапувам таму, ниту сум била дел од некакви преговори околу настапот!“

Причината поради која таа не сакала да настапи таму е тоа што Светското првенство во Катар „се противи на нејзините уверувања“.

ВИДЕО+ФОТО | Дуа Липа доби албанско државјанство од претседателот Бајрам Бегај

ФОТО | Роденденската прослава може да започне: Дуа Липа денес полни 27 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот