На повидок решение за крај на незадоволството кај административците

Најдоцна до крајот на годинава се очекува да биде потпишан гранскиот колективен договор за администрација, за што веќе подолго време преговараат Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација.

– Ние долго време сме блиску до договор, но никако да го потпишеме. Морам да дадам и признание, што не ми одговара, дека не сакаат да потпишат што било и се борат за нивните права до крај. Затоа можеби трае дијалогот подолго време. Следната недела на оваа тема ќе имаме средба во Владата и мислам дека ќе можеме да најдеме некакво заедничко решение, но да не прејудицираме. Финансиските можности во државата се онакви какви што се и правиме напори да излеземе во пресрет на се она што се бара, изјави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски по денешната годишна конференција на Синдикатот на УПОЗ.

И од Синдикатот се надеваат дека наскоро ќе го заокружат процесот на преговарање со потпишување на колективен договор.

Во однос на платите во администрацијата, од УПОЗ предлагаат платите да го следат порастот на просчената плата во државата со сегашната утврдена вредност на бодот.

– На овој начин, доколку дојдеме до договор, мислам дека ќе го решиме проблемот со незадоволство кај администрацијата- изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот