НА ПОВИДОК НОВИ НЕМИРИ ВО ТИРАНА: Амбасадата на САД ги предупреди Американците на нов протест на опозицијата

EPA-EFE/Malton Dibra

Американската амбасада во Тирана ги предупреди своите државјани во Албанија на опозциониот протестен собир кој е закажан за утре во овој град.

Во однос на тоа дека не постојат најави за тоа како ќе се развива овој протест, амбасадата ги повика своите граѓани на внимание.

„Се очекува голем протест да биде одржан во близина на кабинетот на премиерот на 25 мај, со почеток од 19.00 часот. Групата има за цел да протестира против албанската влада и може да се пресели на различни локации во Тирана. Траењето на протестите не е познато. Неодамнешните демонстрации вклучуваа насилство, а силите на безбедност користеа водени топови и солзавец за да ги растераат масите“, пишува во соопштението на американската амбасада.

Пред два дена во Тирана е одржан протест на албанските студенти пред зградата на Министерството за образование, кој помина со зголемени тензии, а студентите ги кршеа прозорите на зградата на Министерството и фрлаа димни бомби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот