На повидок „бомба“ во Формула 1: Ферстапен во главна улога?!

Фото:.EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Холандскиот возач Макс Ферстапен ја остави отворена опцијата за заминување од Ред Бул во наредните години.

Светскиот шампион сезонава не доминира на начин како што тоа го правеше во претходните две и за тоа го обвинува болидот.

Макс својата последна сезона ја оствари уште на 23. јуни во феноменална ткра која се возеше во Каталонија и од тогаш само двапати дојде до подиумот и еднаш беше третопласиран. Заминувањето на инжињерот Адријан Њуи од Ред Бул во Астон Мартин најавува сличен пат за Холанѓанецот.

Имено, првиот човек на Астон Мартин, Лоренс Строл не штеди пари и енергија да ја донесе првата титула помеѓу „зелените“.

Тука е и договорот на Макс со Ред Бул кој е со важност до 2028 година, но постојат неколку клазули кои можат да му дозволат да замине порано. Конкретно, 2026 година е нешто на кое целат во Астон Мартин бидејќи тогаш истекуваат договорите на Ленс Строл и Фернандо Алонсо.

Во секој случај, Макс размислува за заминување и тоа сега сто икако јавна тајна во светот на Формула 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот