На потег е Интер: Барса нуди 30 милиони евра и еден играч за Лукаку!

Ромелу Лукаку очајно сака да се врати во Интер/ фото: EPA-EFE/Sascha Steinbach

Ромелу Лукаку игра во одлична форма, ги тресе противничките мрежи, како во дресот на Интер, така и за белгиската репрезентација.

Барселона планира да ја освежи својата екипа за наредната натпреварувачка сезона во која ќе се атакуваат на освојување на нови титули.

Лионел Меси има важечки договор до крајот на сезоната, но се шпекулира дека ќе игра за Барса и следната година. Покрај Аргентинецот, во нападот се очекува да биде и Серхио Агуеро кој ја игра последната сезона во дресот на Манчестер сити.

На Каталонците им е потребна и класична „деветка“, а според „fichajes.net“ изборот падна на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, но конкуренцијата е пеколна, па најверојатно погледите ќе бидат насочени кон Лукаку од Интер.

Барса нуди 30 милиони евра плус уште еден играч во таа понуда, Миралем Пјаниќ или Франсишко Тринкао.

Халанд на лето си заминува од Борусија, но нема шанси да заврши во Сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот