На посиромашните земји им се потребни две милијарди долари хуманитарна помош за да се справат со пандемијата

Фoто: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

На посиромашните земји им се потребни две милијарди долари меѓународна хуманитарна помош за да се спраат со пандемијата на коронавирусот, изјави координаторот за итната помош при Обединетите нации, Марк Лоукок.

И покрај тоа што развиените земји преземаат скапи мерки за да ги заштитат своите економии од пандемијата, тие ќе имаат корист и ако им помогнат на помалку развиените земји, изјави Лоукок за ДПА од Њујорк, каде беше претставен планот за помош.

Вирусот ќе продолжи да претставува закана за целиот свет, ако не се бориме против него насекаде, предупреди тој.

– Никој не е безбеден сè додека сите не се безбедни – истакна Лоукок.

Тој исто така предупреди дека вирусот има потенцијал да ги дестабилизира државите, што пак може да ја зголеми миграцијата.

– Постои ризик ефектите од вирусот да претворат цели региони во хаос – рече Лоукок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот