На Попова Шапка измерени – 9 степени, максималната температура ќе достигне 16 степени

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Изутринава се измерени минусни температури во повеќе места во земјата. УХМР соопшти дека најстудено било на Попова Шапка каде се измерени – 9 степени, потоа во Мавровив Анови -8, во Берово -7, во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Крушево -5, во Прилеп, Битола, Охрид, Струмица, Тетово и Куманово -4, во Претор, Штип и Демир Капија -3, во Гевгелија, Виница и Тополчани -2, во Скопје-Зајчев Рид и Ѓуриште -1 во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта облачноста се намали и изутринава е ведро со слаб променлив ветер. Претпладне ќе биде студено. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност поголема на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот