На Попова Шапка измерени – 15 степени, времето денеска облачно и многу студено со ветер од северен правец

Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени.

Утрово најладно беше на Попова Шапка – 15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово – 7, Претор – 6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар – 5, Битола – 4, во Штип и Виница – 3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица – 2, во Скопје-Петровец и Демир Капија – 1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар два сантиметри.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар седум литри на метар квадратен и во Крива Паланка пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот