На Попова Шапка -14 степени и 64 сантиметри снег

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени.

УХМР информира и дека на Попова Шапка има 64 сантиметри снег, во Крушево 62, а во Маврово снежната покривка е 52 сантиметра.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот