На пописот во Бугарија преброени 1.143 Македонци

На денешната презентација на податоците од пописот на населението во Бугарија спроведен лани, Националниот статистички институт објави дека доминираат Бугарите кои сочинуваат речеиси 85 проценти од населението, а како припадници на други етнички заедници се забележани Турците со 8,4 отсто и Ромите кои сочинуваат 4,4 отсто од населението. Сите останати заедници се впишани во графата „други“, вклучувајќи ги и Македонците чиј број изнесува 1.143.

Македонците ги нема во резултатите од пописот, но на презентацијата се споменати во одговор на новинарско прашање кои се другите етнички групи.

Според објавените податоци, освен бугарската, турската и ромската етничка припадност има пријавено Помаци, Руси, Бугаро-мохамеданци, Ерменци, Украинци, Англичани, Каракачани, Власи, Евреи, Македонци, Татари, Италијанци, Полјаци, Романци и други.

Исто така, имало случаи на човек кој се запишал како марсовец, па и „табуретка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот