На почетокот на октомври бесплатно ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

Жителите на општина Кисела Вода наскоро ќе можат бесплатно да се ослободат од стариот и непотребен мебел од своите домови. Општина во периодот од 2-ри до 13-ти октомври ќе спроведе нова акција за бесплатно собирање на кабастиот отпад.

 Во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигнуваат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода. За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09 до 15 часот во период од 25.09.2023 до 29.09.2023 – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација за да не ја загрозат безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, отпадот ќе биде подигнат на денот што е претходно договорен со службите и ќе се транспортира на локација предвидена за ова намена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот