На плажите во Бугарија двојно повеќе туристи од лани

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

 Моментно во Бугарија има два пати повеќе странци од минатата година, изјави за ТВ Блумберг Бугарија директорот на невладиниот институт за анализа и оценка во туризмот, Румен Драганов.

Ккао што јави дописникот на МИА од Софија, овој месец се очекува Бугарија да ја посетат 1,5 милиони странци, наспроти 740.000 во 2020 година. Ова е намалување за околу 28 отсто во споредба со 2019 година. Со 2.556.000 странци во 2020 година, оваа година во земјата ќе има околу осум милиони странски туристи.

Според Драганов, доколку Бугарија дозволеше посета на туристи од Русија и Велика Британија, тогаш вкупниот број странски туристи би достигнал меѓу 8.800.000 – 9.000.000 странски туристи, што би било за околу 30 проценти повисоко од минатата година. Плажите на бугарскиот брег на Црното Море се полни, а туристите се жалат дека нема доволно лежалки и чадори.

Драганов додава дека во 2020-2021 година семејниот туризам бил најодржлив, како и малите корпорации, а некои од сопствениците на хотели создале квалитетен туристички производ.

Тој истакна дека техничкиот владин кабинет ги стимулира луѓето со туристички ваучери против вакцинацијата. Драганов смета дека властите, кои се против вакцинација, треба сами да платат за лекувањето доколку се заразат со Ковид-19, а не да го оптоваруваат бугарскиот даночен обврзник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот