На Пласидо Доминго му се влошила здравствената состојба: Итно е префрлен во болница!

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) итно е префрлен во болница откако здравствената состојба му се влошила една недела откако дознал дека заболел од опасниот коронавирус.

На Доминго нагло му се слошило, а за да биде под постојана контрола на докторите, префрлен е во болница во познатото мексиканско летувалиште Акапулко.

Тој моментално е во стабилна состојба, а успеал да ја преброди најкритичната фаза од вирусот и како што пишуваат шопанските медиуми, сега успешно се опоравува.

Доминго во неделата на својот Фејсбук профил објави дека е заразен со коронавирус.

– Чувствувам дека е моја морална обврска да пријавам дека сум позитивен за Ковид-19, познат и како коронавирус. Јас и моето семејство сме изолирани и ќе останеме вака онолку време колку што медицински е потребно – напиша тој на Фејсбук.

– Сите сме моментно добро, но кашлам и имам треска што ме натера да одлучам да тестирам и резултатот беше позитивен. Ве молам сите да бидете крајно внимателни и да ги следите препораките на здравствената служба – додаде тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот