На пикник во Градски парк промовиран водичот „Здраво Скопје“

Опуштено, спонтано, весело, разиграно, надополнето со розови балони, највкусни јаболчиња, карирани ќебенца и скопски шлагери – таква беше атмосферата на пикник промоцијата на првиот интерактивен водиц за метрополата „Здраво Скопје“.

„Здраво Скопје“ е посветен на едно незаборавно Скопје – од минатиот век до денес, со сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.
Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-
Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ, и Ружица Мандичевска-Руки, една од
најзначајните македонски илустраторки.

Главната идеја за овој проект произлегува од отсуството на пишан материјал за богатата историја
на градот, особено за деца. Преку овој водиц младите генерации, на забавен и креативен
начин, ќе го запознаат Скопје и ќе научат зошто е град што се сака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот