На пат кон Канарските Острови загинале 57 мигранти

Мигрантски брод Шпанија/ Фото EPA-EFE/Alba Freixas

Невладината хуманитарна организација „Вокинг бордерс“, која ги следи неволјите низ кои мигрантите минуваат на опасните морски патувања во Шпанија, денеска објави дека 57 лица загинале додека се обидувале да стигнат со брод од Мароко до Канарските Острови.  

Хелена Малено, основачот на организацијата „Вокинг бордерс“, напиша на Твитер дека вчера на бродот биле убиени 28 жени, 17 мажи и 12 деца, пренесува АП.  

Таа не даде други детали. 

Ниту шпанската поморска спасувачка служба ниту службите за итни случаи на Канарските Острови немаа информации за пријавениот инцидент, објави американската новинска агенција која ги контактирала. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот