На параолимпиец му е одземен златниот медал поради доцнење

Според новото рангирање, златниот медал го освои Украинецот Максим Ковал/Фото: EPA-EFE/Simon Bruty

По доцнењето, му беше дозволено на параолимпиецот во Токио да се натпреварува, а потоа судијата утврдил дека нема валидна причина за тоа..

Малезискиот параолимпиец Мухамед Зијад Золкефли во атлетика остана без златен медал на Параолимписките игри во Токио, откако беше дисквалификуван бидејќи не се појави навреме на натпреварот.

Золкефли го освои златниот медал во категоријата Ф20, но потоа му беше одземен затоа што претходно доцнеше на натпреварувањето.

Портпаролот на Меѓународниот параолимписки комитет Крег Спенс изјави дека Золкефли и уште двајца натпреварувачи, кои не се освојувачи на медали, доцнеле на натпреварот. Отпрвин, им беше забрането да учествуваат, а по нивниот протест, организаторите им дозволија да се натпреваруваат.

– Доцнеа, можеби имаа логична причина, па им беше дозволено да се натпреваруваат додека не се процени ситуацијата и не се разгледаат сите причини – рече Спенс.

Во соопштението на Светската параатлетика се наведува дека судијата по натпреварот утврдил дека нема оправдана причина за доцнењето и дека нивните жалби за дисквалификација се одбиени. Според новото рангирање, златниот медал го освои Украинецот Максим Ковал, а среброто го освои неговиот сонародник Александар Јаровиј. Бронзениот медал му припадна на Гркот Ефстратиос Николаидис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот