На овој телефонски број пријавете неисплата на К-15

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да ги почитуваат законите и да исплаќаат К-15 на работниците.

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

-Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач- неведуваат во соопштението од МТСП.

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор.

Истовремено, МТСП ги повикува работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Оттаму, напоменуваат дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот