На оваа улица ќе бидат забранети возила кои користат бензин или дизел

Бич стрит во Лондон, од крајот на март 2020 година ќе стане првата британска улица по која ќе биде забрането да минуваат возила со мотори со внатрешно согорување.

„Сити оф Лондон корпорејшн”, која управува со финансискиот центар во британската престолнина, работи со градската сообраќајна администрација на утврдување на последните детали, по што, на пролет, во улицата ќе бидат забранети возила кои користат бензин или дизел.

Исклучок ќе бидат само возила за Итна помош, одредени хибридни автомобили, возила за собирање смет и за достава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот