Русија во Унгарија склопи договор за снабдување на земјата со вакцината Спутник – 5, изјавија министерот за здравство на Руската федерација Михаил Мурашко, по состанокот со унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, објавија руските медиуми.
-Рускиот фонд за директни инвестиции и унгарската страна потпишаа договр за испорака на вакцини во Унгарија, рече рускиот министер, а унгарскиот додаде дека вакцината против ковид-19, Спутник 5 во Унгарија ќе биде испрачана во три фази.
„Голема чест и задоволство ми е да ве известам дека денеска склучивме договор со кој Русија ќе испорача вакцини за Унгарија во три фази“, рече Сијарто.
Унгарија стана првата земја во Европската унија која даде прелиминарно одобрување за руската вакцина Спутник 5.
Вчера шефот на кабинетот на Виктор Орбан потврди дека руската вакцина како и онаа на Оксфорд-АстраЗенека добија зелено светло од здравствените власти.
Како што известува БиБиСи, унгарските здравствени власти разговараат со кинеските власти за одобрување и испорака на милион вакцини од Синофарм, кои веќе се користат во Србија.
Синофарм, кинеската државна компанија, објави минатиот месец дека трите фази од испитувањето на нејзината вакцина покажала 79-процентна ефикасност, пониска од вакцините на Фајзер и Модерна.
Но унгарскиот премиер рече дека единствен начин на кој државата може да ја задоволи побарувачката за вакцини, со оглед на „фрустрирачки“ бавната испорака на вакцините на Фајзер-Бионтек, со купување од Русија и Кина, пренесува БиБиСи.
Унгарија не може да ги укине постоечките ограничувања воведени поради коронавирус се додека не се воведе масовна вакцинација на населението, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан
Тој рече дека најдобар пристап кон вакцинирањето би бил да се одобри употреба на неколку вакцини, зошто тогаш конкуренцијата би ги принудила произведувачите да ја забрзаат испораката.
-Не ни требааат објаснувања, ни требаат вакцини, истакна Орбан.