На Обрадовиќ виновни му се играчите

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ/фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Екипата на Партизан од Белград се наоѓа во сериозна резултатска криза кога станува збор за Евролигата, а кога на тоа ќе се додаде домашниот пораз од вечниот ривал Црвена Звезда, јасно е дека тренерот Жељко Обрадовиќ има причина за загриженост и за нервоза.

Трофејниот стратег не го криеше разочарувањето по синоќешниот пораз од „црвено-белите“, вината префрлајќи ја врз играчите.

„Погледнете ги последните минута и половина, имавме четири отворени шутеви, тотално сами играчи. Зошто не погодивме? Тројки реализиравме 5/27, тоа е ниво не сакам ни да кажам за каков тим. Сепак, тоа е кошарка, дел од спортот, да не влезеше шутот на Недовиќ сега се ќе беше поинаку. Една топка одлучува дали си горе или доле. Играме, имаме желба и енергија, а потоа ќе направиме глупост и целосно паѓаме. Па почнавме толку добро, а застанавме по одличната прва четвртина и дозволивме да ни се вратат со 29-13 во вториот период. Тоа е скандалозно, но ние им го дозволивме тоа“, изјави Обрадовиќ.

Тој беше разочаран и од односот на кошаркарите на теренот.

„Некои работи не смеат да се случуваат. Ние ќе погодевме и поените се славеа како да сме се качиле на Монт Еверест, а две секунди подоцна примавме поени зад грб или правевме лични грешки за две слободни фрлања. Тоа е недозволиво“, дециден е одличниот стратег, кој ќе мора што поскоро да најде лек за кризата на Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот