На новинарите не им било дозволено да ја следат постапката за инспекторот Илиевски

Уште пред почетокот на седницата, на која треба да се расправа за постапката со инспекторот Ѓорѓи Илиевски, претседателката на дисциплинската комисија, Валерија Атанасова, им соопштила на новинарите дека нема да им биде дозволено да ја следат седницата, пренесува Макфакс.

„Присуство на новинарите не е дозволено“, рекла Анастасова. На прашање зошто новинарите се непожелни на седницата, Анастасова рече дека требало претходно да бидат најавени.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот