На необезбеден премин на пруга кај селото Горни Подлог: Воз од Скопје за Кочани вечерва удри во автомобил

Фото: МИА

Патнички воз на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во патничко возило на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени.

Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин.

Ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот