На навивачите на Челси никако не може да им се угоди

Маурицио Сари и дефинитивно си заминува од клупата на Челси бидејќи не и верува на управата но исто така нема намера да им се умилкува и на навивачите иако сезоната ја заврши со триумф во Лигата на Европа. Тој се откажа од платата во наредните две години само за да седне на клупата на Јувентус од кого ќе добие 20 милиони евра за три сезони.

Неизвесноста околу новиот менаџер на Челси е се поголема, откако протекоа имињата на можните наследници на Италијанецот, а незадоволството кај навивачите е големо поради несогласувањата со одлуките на раководството. Според англиските медиуми, има само двајца кандидати за клупата на Челси, тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто и легендата на клубот, Френк Лампард.

„Сари си заминува, потребен ни е тренер со неговото искуство но различен стил на игра. Португалецот Санто и Лампард не се на тоа ниво “, коментираат голем дел од навивачите на „сините“.

Тие на клупата на омилениот клуб сакаат да видат уште еден Италијанец, Масимилијано Алегри. Иако Челси има забрана за трансфери во наредните два преодни рока и ќе остане без најголемата ѕвезда на екипата, Еден Азар, Алегри би добил одврани раце да направи тим по свој вкус. Во 2020 година би добил огромен буџет за да се купат засилувања по негов избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот