На најдобрата гимнастичарка поважно и е менталното здравје од медалите

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Најдобрата светска гимнастичарка Симон Бајлс од САД, по повлекувањето во екипниот повеќебој, денеска се повлече и од финалето во поединечна конкуренција во повеќебој на Игрите во Токио. Причина за откажувањето не е повреда, туку менталното здравје.

„По дополнителните лекарски прегледи, Симон Бајлс се повлече од финалето во повеќебој на Олимписките игри во Токио, за да се фокусира на нејзиното ментално здравје. Со цело срце ја поддржуваме нејзината одлука и ѝ честитаме на одлуката. Нејзината храбра одлука покажува зошто е пример и идол на младите“, стои во сопштението на американската репрезентација во гимнастика.

 

Претходно, Бајлс во вторникот по лошо одработената прв вежба се повлече од екипното натпреварување во повеќебој.
„Секојдневно ќе се проценува нејзината состојба за да можеме да одлучиме дали Симон ќе учествува во финалето во поединечна конкуреција наредната недела“, се наведува во соопштението.
На местото на Бајлс која требаше да ја брани титулата во повеќебој, ќе се натреварува Џејд Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот