На музички фестивал во Вухан 11.000 луѓе

Илјадници луѓе вчера присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град за кој се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот.

На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа викаа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, јавија локалните медиуми.

Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе.

Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, јавија медиумите.

На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.

„Строубери Мјузик фестивал”се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот