На мостот „Слобода“ во Скопје осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст

Водици
Млади момчиња со Чесниот крст којшто се фрла во вода за празникот Водици / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА задутре на празникот Богојавление – Водици ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода“, кај хотел „Холидеј ин“.

– Ги замолуваме богољубивите Христијани, кои сакаат да земат учество во празничните богослужби, како и на оваа манифестација, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот, информираа од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.

Традицијата продолжува, на Водици ќе се фаќа осветениот крст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот