На МОНТ ЕВЕРЕСТ собрани 11 тони ЃУБРЕ

Покрај сите влијанија врз тие кои зависат од водата од глечери, моменталната стапка на топење ќе ги направи експедициите на Монт Еверест многу попредизвикувачки/ Фото: МИА

Експедицијата на непалската влада на Монт Еверест, од највисокиот врв на светот собрала 11 тони ѓубре. Планинарите се вратиле од 8.850 метри високата планина кажувајќи дека патеките се полни со отпад, искористени боци со кислород, искинати шатори, конзерви и пластични ќеси. Дел од ѓубрето е однесен во Катманду на рециклирање.

Официјално навеле дека ова била успешна мисија, но и дека мора да се собере уште ѓубре, бидејќи голем дел е покриен со снег, па за сега не можеле да проценат колку точно отпад има на планината.

Тимот за чистење собрал пет тони отпад во април и во мај на различни локации над базниот камп и уште шест тони на подрачјата под него, рекол директорот на одделот за туризам.

Исто така биле откриени и четири тела поради топењето на снегот и однесени во базниот камп од каде што се префрлени во болницата во Катманду на идентификација. На непалската страна од планината во мај починале деветмина планинари, додека двајца исчезнале на тибетската страна, која е најсмртоносна пешачка зона од 2015 година.

Откако врвот е освоен првпат, во 1953 година, на Монт Еверест загинале повеќе од 300 планинари. Не е познато уште колку тела има на планината, бидејќи не постојат официјални податоци.

Непал годинава издал 381 дозволи за качување, а секоја од нив чини 11.000 долари, што е важен извор на приход на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот