На Милан му здосадија игрите на Рајола, го отпиша Донарума

epa08579671 Milan's goalkeeper Gianluigi Donnarumma saves a shot during the Italian Serie A soccer match AC Milan vs Cagliari Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Џанлуиџи Донарума на лето си заминува од Милан кој не ги прифати уцените од контроверзниот агент.

Кон крајот на сезоната навивачите на Милан повторно го нападнаа голманот исто како и пред четири години кога исто така кога се обидуваше да го уценува клубот и го нарекоа платеник. Но, за разлика од случајот пред четири години кога се уште беше тинејџерс и се одлучи да потпише нов договор, Донарума сега си заминува.
Во моментите кога италијанската јавност дека дека најдобриот голман во француската Лига 1, Мајк Мањан слета на аеродромот Линате, им стана јасно дека Милан се одлучи да го пушти Донарума да си оди.

Причината за таквиот потег е што „росонерите“ не ја прифатија уцената на агентот на голманот, Мино Рајола бараше 20 милиони евра за двегодишен договор како и ниска откупна клаузула или да си оди како слободен играч доколку Милан не обезбеди пласман во ЛШ. Згора на тоа, Рајола за евентуалниот нов потпис на договорот на Донарума со Милан, барал дебела провизија од дури 20 милиони евра.
Челниците на Милан одлучија да не подлегнат на игрите на контроверзниот Рајола и затоа го ангажираа Мањан и ќе му дозволат на Донарума да го напушти „Сан Сиро“.
Три клуба се споменуваат како идна дестинација во кариерата на италијанскиот репрезентативец голман, Барселона, Јувентус и ПСЖ.
Најмали шанси да потпише со Донарума има Барселона која се наоѓа во огромни финансиски проблеми, а згора на тоа има одличен голман во Марк Андре тер Штеген, додека главен фаворит е ПСЖ.

Видео на денот