На мета на истражните органи: Франција почна истрага против Саркози за злоупотреба на функцијата

Фото: EPA/ABIR SULTAN

Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага против поранешниот француски претседател Никола Саркози за злоупотреба на функцијата при консултантски активности во Русија, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата.

Од ПНФ потврдиле дека истрага за злоупотреба на положбата е почната, но и за криминал и други прекршоци.

Антикорупцискиот суд се занимава со овој предмет од летото во 2020 година, по извештајот на финансиските разузнавачки служби дека Саркози бил платен од руската осигурителна компанија Reso Garantia, контролирана од двајца руски милијардери, Сергеј и Николај Саркисов.

– Судот се обидува да провери дали поранешниот шеф на државата се однесувал како советник, што би било совршено легално или се занимавал со потенцијално криминално лобирање во име на руските олигарси, јавија париски медиуми.

Договорот склучен во 2019 година се однесува за неколку години и изнесува три милиони евра. Никола Саркози на почетокот на 2020 година добил исплата од 500.000 евра според тој договор.

Reso Garantia, основана во 1991 година, е една од главните осигурителни компании во Русија, специјализирана за автомобилско осигурување со повеќе од 34.000 агенти и 11 милиони клиенти.

Во 2007 година, француската осигурителна компанија АХА склучи договор со акционерите на таа руска компанија за купување на удел од 36,7 проценти за околу 810 милиони евра.

Медиумите јавија дека AXA е важен клиент на адвокатската канцеларија Realyze, што е основана во 1987 година од Никола Саркози со партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот