На местото на депонијата на кеј ќе никне нов парк

Денеска под ингеренција на општина Карпош и Град Скопје, започна акција за чистење на дивите депонии по кејот на Вардар. На отворањето на акцијата присутни беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Со чистењето на оваа депонија и со следниот чекор којшто ќе значи целосно оградување и затворање на пристап до овој дел, ќе обезбедиме оваа зона од градот никогаш да не се трупа со ѓубре и никогаш повеќе да не биде таргет на палење, со што дополнително се загадува воздухот – изјави градоначалникот Богоев.

Чистењето ќе се одвива со целокупна механизација на ЈП „Водовод и канализација“, како и механизација организирана од општина Карпош, со учество на приватни општествено-одговорни градежни фирми.

– Нашата крајна цел е овде да го израмниме теренот, за да го подигнеме третиот дел од Градскиот парк, и од депонија ова да стане пријатно место каде што граѓаните ќе го потрошат своето слободно време – соопшти градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот Богоев исто така испрати апел, односно ги предупреди граѓаните дека секое несовесно постапување, палење и одлагање на ѓубре на несоодветни места ќе бидат најстрого казнети и санкционирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот