НА МЕНХЕТН „МУ СЕ СТЕМНИ“: Дефект поради пожар го остави центарот на Њујорк без струја

Повеќе од 70.000 лица остана неколку часа без струја на Менхетн поради дефект во електродистрибутивната мрежа.

Поради дефектот, подземната железница не работеше, а продавниците беа затворени.

Снемувањето струја се случи поради пожар што избувна на аголот на 64. Западна улица и Вест Енд.

Извршниот директор на електродистрибутивната компанија „Кон Едисон“, Џон Мекавој, изјави дека причината за прекинот во снабдувањето со електричната енергија не е јасна и додаде дека нема индиции дека мрежата е преоптоварена.

Агенциите велат дека не се пријавени смртни случаи или повреди за време на прекинот со снабдување со електричната енергија, што, според официјалните лица, се случил во 18:47 часот по локално време.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, рече дека прекинот во снабдувањето од такви пропорции е опасен и не смее да се случи во град како Њујорк.

Градоначалникот на Њујорк, Бил Дебласио, кој за време на прекинот беше во Ајова во рамки на кампањата за претседателска номинација на Демократската партија, рече дека разговарал со официјални лица задолжени за антитероризам и дека тоа едноставно било механички дефект.

Овој прекин на електричната енергија се случи на 42-годишнината од сличен настан, кога дојде до грабежи и протести на улиците на најнаселениот американски град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот