На Меган Маркл и прекипе: Загрижена за својата иднина, на принцот Хари му порачала: Повели, најди работа! (ФОТО)

Профимедиа.рс

Меган Маркл и принцот Хари по големата одлука да се одвојат од кралското семејство и да бидат финансиски независни, се чинеше дека се совршен пар, но изгледа желбата за успех и самостојност почна да носи нервоза во нивниот однос.

Имено, ако може да се верува на пишувањето на американскиот таблоид „ National Enquirera“, Меган во последно време е загрижена за нивната иднина, па по секоја цена сака да продолжи да живее на висока нога, па на принциот му наредила: „Повели, најди работа“.

Profimedia

– Без двоумење, Меган на Хари му дала до знаење дека времето не е на нивна страна и дека мора да се вработаат што е можно побрзо – открил анонимен извор близок на парот.

Инаку брачниот пар од неодамна живее одвоено во лускузната вила во Ванкувер, но поради прогласувањето на пандемија, тие се преселиле во Лос Анџелес уште пред Канада да ги затвори границите.

– Вилите и апартманите кои ги изнајмуваат во последно време не се евтини, а тука се и останатите трошоци на осигурување – рекол изворот.

Инаку Меган неодамна се откажа од својот прв голем хонорар за ангажман во документарен филм за слоновите во кој го изнајми својот глас, па така финасискиот товар е само на принцот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот