На мечот со Хрватска: Роналдо, каде ти е маската? (ВИДЕО)

фото: твитер

Португалската репрезентација и без својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо во рамките од Лигата на нации со 4:1 ја совлада Хрватска.

Роналдо го гледаше натпреварот од трибините на стадионот „Драгао“ во Порто и ја даваше поддршката.

Како што е објавено, Португалецот од бизарна причина го пропушти овој меч против „коцкестите“, откако го каснала пчела.

Еден од најдобрите фудбалери во светот повторно се најде во центарот на вниманието, женско лице (одговорно за организацијата на мечот) го опомена Роналдо да ја стави маската со цел да се почитува протоколот во борбата против ширењето на коронавирусот.

Но, по се изгледа не беше опоменат само играчот на Јувентус, најверојатно уште неколку други португалски репрезентативци го направија истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот