На маратонот „Тоше Проески“ на Крушевското езеро ќе плива и Евгениј Поп Ацев

Повеќекратниот светски првак во ултрамаратони треба да допатува од Британија за да плива на првата трка во Крушевското езеро што ќе стане традиционална, а го носи името на македонската легенда.

Првиот маратон во Крушевското езеро ќе се одржи в недела (11 часот) и ќе го носи името на македонската естрадна легенда Тоше Проески. Маратонот е во организација на ПК Вардар а е во состав на Македонскиот куп во далечинско пливање, кој Националната пливачка федерација го организира седма сезона по ред.

Претседателот на националната пливачка федерација Александар Филипчев информира дека на овој маратон ќе учествува и повеќекратниот светски првак во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев кој живее во Британија, но, ќе дојде на трката.

– На овој маратон ќе учествуваат над 40 пливачи, а учеството го потврди и Евгениј Поп Ацев – ни изјави Филипчев. Доаѓањето ни го потврди и Поп Ацев.

– Ова е прва трка во Крушево, а ја организира мојот клуб и затоа ми беше голема желба да бидам дел од неа. Исто така после овој период на неработење на базени ќе биде убаво за мене да пливам на некоја трка и да видам до каде сум. И онака планирав да дојдам во Макеоднија летово и убаво е што работите се совпаднаа – ни изјави Поп Ацев.

Инаку, светските серии во ултрамаратон и во маратон на ФИНА се откажани поради коронавирусот и Поп Ацев, кој е актуелен и повеќекратен светски првак во ултрамаратони, е среќен што сепак ќе настапи на трка.
Ќе се плива на патека долга 2,5 километри, а учесниците ќе бидат поделени на три возрасно категории.

– Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна, патеката е во должина од 2,5 км. Се надеваме на успешен маратон, трка што ќе стане традиција во нашата земја! Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески – се вели во официјалното соопштение на организаторот, пливачкиот клуб Вардар 2018.

Инаку, оваа трка е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање. Првата трка беше на Илинден во Охрид. По Крушево следуваат Охрид (Градска плажа) на 16 август, Маврово на 29 август, Тиквешко езеро на 9 септември и Велешко езеро на 12 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот