На луѓето им е доста од коронавирусот: На интернет сѐ повеќе се бараат позитивни вести

Фото: СП. архива

Изморени од морничави наслови, застрашувачки статистики и длабоката несигурност заради пандемијата на коронавирусот, многу луѓе во светот пробуваат да го кренат своето расположение барајќи само добри вести.

Последниве денови страниците специјализирани за оптимистични вести бележат голем пораст на посетители. Пребарување на поимот „добри вести“ на Гугл денеска е зголемен за пет пати од почетокот на годината.

Онлајн магазин ја зголемил својата посетеност за три пати

Онлајн магазинот „The Good News Network“ ја зголемил својата посетеност за три пати во март и сега има 10 милиони посетители, рекол основачот и уредник Гери Веис-Корбли.

„Луѓето ни испраќаат снимки од позитивни работи што се случуваат во нивните соседства, град или држава и затоа има многу добри вести кои можат да се споделат“, вели Веис-Корбли.

Други медиуми, како Гардијан, Фокс, Хафпост или Јаху имаат страници посветени на оптимистични вести.

Страницата на Си-Ен-Ен за добри вести има 50 отсто повеќе претплатници

Страницата на Си-Ен-Ен, „The Good Stuff“, создадена минатата година, од минатиот месец има 50 отсто повеќе претплатници.

„Нашиот уреднички тим регистрираше се поголем интерес за приказните кои предизвикуваат насмевки, за убави откритија, херои на секојдневието и прекрасни работи кои се случуваат низ целиот свет“, велат од Си-Ен-Ен.

Стјуарт Сорок, професор на Институтот за општествено истражување на Универзитетот Мичиген, рекол дека луѓето се осудени да следат лоши вести бидејќи можат да ги присилат да го сменат своето однесување.

Но, сепак за време на криза се почесто бараат и вести кои се најодалечени од проблемите и затоа се вртат кон позитивните приказни.

„Луѓето сакаат да видат решенија“

Ешли Мудиман, професорка на Универзитетот во Канзас, тврди дека позитивните вести се начин кој им помага на луѓето да се соочат со тешките ситуации.

„Луѓето сакаат да видат решенија и сакаат да видат како другите луѓе се трудат да пронајдат решение место да се расправаат. Таквите вести им се привлечни“, смета Мудимен.

Многу покажуваат знаци на замор поради постојаниот прилив на депресивни вести за здравствената криза.

„Би рекол дека многу од нас едноставно константно се повлечени во негативни вести“, кажа Кларенс Едвардс, жител на американскиот главен град Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот